Рејсинг Поинт нервозни поради “двојниот“ развој

Техничкиот шеф на Рејсинг Поинт, Анди Грин, се плаши дека неговата екипа ќе има полна со предизвици 2020 година откако ќе мора паралелно да работи на две развојни програми. Правилата за претсојната година остануваат непроменети, а паралелно со тековниот болид ќе треба д се работи и на проектот за следната година кога ќе има целосно нови правила во спортот.

Грин се плаши дека развојните програми може да влијаат една на друга и поради тоа треба да се дефинираат приоритетите за сезоната.

да речеме дека кај нас ќе има по 20 луѓе од секој оддел кој ќе работат на болидот за 2021 година. двасет луѓе од по 40тина кои ги имаме во секој оддел се веќе 50% од нашиот капацитет, а тоа е загуба за тековната година. но, 20 луѓе од група од 100 луѓе како големите екипи се многу помалку чувствителни и поради тоа врвните екипи имаат голема предност – објасни грин за германски Auto Motor und Sport.

Големите екипи веќе најавија дека буџетите за ова година ќе им бидат дополнително засилени со цел да се работи и на следната година од самиот почеток на сезоната.

најголем дел од развојот ќе се работи оваа година, а потоа рацете на сите ќе им бидат врзани поради буџетското ограничување. ресурсите кои ќе се потрошат годинава ќе бидат многу големи, значително поголеми од вообичаена година. од април или од мај се ќе фрлиме на една карта на 2021 година и секако дека тоа не е ситуација во која е убаво да се биде.

имам чувство дека ќе се мачиме двете години, оваа затоа што треба многу од ресурсите да ги насочиме кон следната, а во 2021 затоа што ќе ја запоставиме 2020 година. во моментов нема средина, тешко време е да се биде мала екипа во формула 1, знаеме дека голимте трошат многу за следната година, но ние сме ограничени и тоа не прави нервозни.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ