Русите работат на строги правила за публика на патеката

Организаторите на Големата награда на Русија подготвуваат строг и прецизен палн со цел да имаат отворена трка со фанови на трибините, но да создадат безбедни услови за нивни присуство во Септември.

Формула 1 потврди дека Русија ќе си го задржи своето место на Формула 1 календарот и својот првичен датум за трка, 27 Септември и ќе стане 10та рунда од овогодинешниот календар. Автодромот во Сочи неодамна почна со продажба на влезници за трката, а сега стигна и официјална потврда дека трка ќе има.

заедно со владата на русија и менаџментот на тркачката серија правиме големи напори руското гранд при да се случи годинава. тоа ќе биде неверојатен фестивал со луда публика и денови исполнети со настани во олимпиското сочи за посетителит ена автодромот.

посетеноста мора да остане добра, а ние сме убедени дека пандемијата нема да биде проблем за моторспорт фановите. прецизно се подготвуваме за гледачи кои безбедно ќе можат да се сместат во олимпискиот парк – изјави алексеј титов, првиот човек на промтоерот росгонки.

Сите останати трки, барем за сега, се планирани без пристутво на публика и организација под строго определени протоколи со цел намалување на можноста за зараза или пренесување на истата.

Чејс Кери неколку пати најави дека кон крајот на европскиот дел од календарот се надева дека ќе се создадат услови за присуство на публика, иако со ограничен број. Можност за гледачи има и на Монца и во Муџело во Септември, но потврда за тоа во моментов нема.

Русите веќе продаваат влезници за пет трибини, трите главни како и по една на првиот и четвртиот свиок од патеката. Исто така може да се купат и најефините влезници за присуство како и скапите Падок Клуб карти.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ