Санкт Петерсбург сеуште е алтернатива за Сочи

Постои можност Сочи да биде домаќин на Руското Гранд При секоја втора година, а “домаќинлукот“ да го менува со нова патека крај Санкт Петерсбург.

Херман Тилке е човекот кој стои зад патеката која се вика Игора Драјв, а германецот неодамна откри дека автодромот е способен да организира престижна Формула 1 трка.

Промотерот на трката во Сочи, Сергеј Воробјов, запрашан околу проширувањето на календарот од страна на Либерти Медиа, откри дека тоа ќе биде многу тешко.

навистина ќе биде тешко за екипите да одработат 25 трки во сезоната, но сметам дека проширување на календарот е неизбежно. Формула 1 сака уште една трка во америка затоа што тоа е нивни домашен пазар, а дополнително и во јужна африка и азија.

во русија нема да има уште една трка, не веднаш. кога игора драјв добие статус на формула 1 патека, можно е да го менува  учеството во календарот со сочи или пак да има две трки во русија, но тоа е за минимум 2-3 години – изјави Воробјов за форбс русија.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ