Се огласи и Маси за своето заминување од ФИА

Мајкл Маси се огласи за своето заминување од ФИА, неколку месеци откако беше сменет од улогата на директор за трка.

Поранешниот директор за трка беше заменет во Февруари по завршувањето на истрагата околу контроверзното финале на ланската сезона. Во тоа време, ФИА најави дека ќе му понуди нова позиција на Маси, но неделава потврди дека тој повеќе нема да работи во Федерацијата.

беше чест и задоволство да се претставува фиа како директор на формула 1 трка и безбедносен делегат по неочекуваната и трагична смрт на чарли вајтинг во мелбурн во 2019 година.

откако работев на различни проекти со федерацијата низ светот и како член на клубови низ светот една деценија претходно, дојде и мојата функција. решив да ја напуштм организацијата и да се преселам во австралија за да бидам заедно со моето семејство и пријателите.

горд сум што работевме партнерски толку многу години во различни фиа членки клубови, формула 1 групата, различни натпреварувања, промотери и оператори на патеки, мои колеги. секогаш ќе ги ценам сите стекнати односи и пријателства кои ги развив низ моето патешествие – изјави маси за австралиски speedweek.

Својата изјава тој ја искористи да му оддаде почит на Чарл Вајтинг и уште некои важни луѓе во ФИА, семејството и пријателите кои секогаш го поддржувале.

бескрајни сум им благодарен на Херби Блаш и Чарли Вајтинг за тоа што ме идентификуваа како нивни наследник во 2018 година, улога која ја сакав, учев од чарли многу години и бев шокиран кога почина.

тој ми го пренесе неговото искрено ценење и поддршка на раководењето за време на претседателстувувањето на жан тод, стефано доменикали и мојот тим задолжен за едноседите.

исто така сум им благодарен на десетината илјади волонтери и официјални лица кои овозможуваат моторспортот да се случува секој ден низ светот како  и на лицата задолжени за безбедноста која секогаш е врвен приоритет.

благодарен сум на претседателот мохамед бен сулајем и невотиот тим за личната поддршка откако дојде на функција и им посакувам се најдобро за во иднина. личната поддршка од семесјтвото, приателите и колегите низ светот во ова патешествие особено последните неколку месеци е преубава и нешто што никогаш нема да го заборавам.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ