Симондс: Електрификацијата не е единствен избор за Ф1

Пат Симондс смета дека електричниот елемент е клучен во Формула 1 моторите, но има и други опции кои треба да се разгледаат.

Техничкиот шеф одговорен за отворените едноседи смета дека спортот мора да стане повеќе одржлив во иднина, а целта е целосно одржливо Гранд При до 2025 година, иако целта е многу тешко остварлива. Неиспуштањето на штетни гасови е таргетирано да се случи до 2030 година.

Новите мотори треба да се појават на гридот во 2026 година, а во тек се преговори што треба да се направи на актуелната генерација агрегати за да се продолжи со сличен облик и во иднина.

Симондс е свесен за улогата на електричната енергија во следните мотори, но посочи дека врвната моторспорт тркачка серија треба да се насочи повеќе кон одрливи типови горива.

не сум целосно убеден дека електрификацијата е единствен избор, секако дека е многу важен дел, не се сомневам во тоа и секако дека е идеален одговор во урбана животна средина, но мислам дека ние секогаш ќе бараме друг пат.

има повеќе делови кои треба да се разгледаат за во иднина и тркање без испуштање штетни гасови. не е битно кои се тие делови, идентификувано е дека постојат. дефинитивно хибридизацијата ќе се зголеми, следната формула можеби ќе биде во сооднос 50-50 со моторот со внатрешно соготување. на тој начин во моментов ќе напредуваме – посочи симондс.

Целите по животнаата средина поставени од Формула 1 се доста високи, но со оваа тркачка серија е секогаш така, секогаш е на чело во борбата за климатските промени.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ