Ф1 се надева на нови производители во 2026

Формула 1 работи на целосно нови правила за своите хибридни мотори за 2026 година каде повеќе ќе се работи на електричниот дел и одржливите горива, како дел од целта спортот да стане карбон неутрален во 2030 година. 

Веќе има план за Ауди да влезе во спортот како производител на мотор, а се работи и на тоа Порше да ги следи стапките на компанијата од истата групација. Челниците на Формула 1 сеуште разговараат со заинтересирани за влез во спортот. 

Во минатото, најголемите работи се случуваа меѓу производителите кои влегуваат во спортот и се борат да напредуваат на гридот. Тоа се случи со Хонда која не можеше да им парира на останатите, а сега веќе има две титули зад себе. 

Пат Симондс верува дека новите правила ќе го решат тој проблем. 

Имаме висока цел со новите правила за моторите, да им биде полесно на новите производители. Моторот со внатрешно согорување има различно согорување од обичниот, Слично е на дизел кој вози на безоловно гориво.

Целиот развој е различен. Веќе има интерес од Ауди, Порше, Кадилак и некој други кои не сакам да ги именувам. Добро е да има големи имиња во спортот. 

Покрај ова, се зборува и за влез на повеќе тимови во спортот. Андрети е најгласен во целата приказна, но сеуште не е познато дали ќе му се приклучи на гридот. 

Не е лошо да имаме повеќе болиди на гридот бидејќи тоа носи квалитет. Нема да се случи она што го снајде ХРТ од 2011 година.

Спортот е многу успешен, Има многу инволвирани страни и мислам дека многу напредуваше во последните пет години. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ