Симондс призна: Не го предвидовме потскокнувањето

Техничкиот шеф на Формула 1, инженерот Пет Симондс, призна дека потскокнувањето кое беше голем проблем годинава, феномен кој беше најактуелен на почетокот на сезоната, не го предвиделе додека правеле истражувања за правилата кои стапија на сила од 2022 година.

Спортот претрпе огромни промени во пресрет на сеонава со цел да се дозволи на болидите поблиску да се следат, полесно да се претекнуваат и подобро да се тркаат. Симондс со својот тим инеженери ја осмислуваа новата аеродинамика на земјениот ефект односно создавање на потисна сила од подот наместо од крилата на болидите кои се поедноставија. Но, таквиот пристап донесе вертикално потскокнување на болидите поради циркурање на воздухот под нив, нешто од што особено страдаше и губеше перформанси болидот на Мерцедес.

Луис Хамилтон и Џорџ Расел се жалеа на потскокнувањето за кое велеа дека дури им предизвикува болки, така што се вмеша и ФИА со техника директива кој донесе елиминирање на потскокнувањето преку поткренување на болидите.

мислам дека фиа некако пресилно изреагира по трката во баку каде видовме потскокнување од најлош вид затоа што екипа (мерцедес) се обиде да направи нешто што таму не им успеа и почна гласно и јавно да се жали насекаде. ако фиа не интервенираше проблемот ќе се решеше затоа што сите веќе знаеја како да го контролираат потскокнувањето во некои нормални граници – посочи симондс.

Иако потскокнувањето беше познат непосакуван ефект од претходната ера на земјен ефекти, Симондс призна дека проблемот бил превиден од него и неговиот тим при создавање на актуелните правила.

морам да признаам дека не размислувавме за потскокнувањето, а требаше. требаше да го пронајдеме и проучиме феноменот претходно затоа што работевме со динамички симулации кои требаше да ни го покажат тоа. на пример, користвме динамички симулации за да провериме што ќе се случи ако болид се изврти и влезе воздух под него, тип на несреќа како онаа на марк вебер од валенаија. тоа бара посебен софтвер кој се користи за да се предвидат и разработат секакви ситуации.

и јас требаше да го предвидам тоа затоа што имав работено на болиди со земјен ефект, но едноставно, заборвив. без сомнеж дека потскокнувањето менува многу работи и екипите прво требаа да го решат тоа пред да работат на напредок во својата аеродинамика.

потскокнувањето не е чисто аеродинамички проблем затоа што и механиката игра голема улога, на пример тврдината на суспензијата.

Најголем дел од екипите се сложија дека новите правила го испорачале очекуваното и дека целта била постигната, но изедначувањето на перформансите сеуште не е постигнато.

потценивме дека некои екипи сеуште имаат големи аеродинамички оддели кои искористуваат повеќе од регулативата. се надеваме дека заостатокот ќе биде брзо намален.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ