Следните мотори може да ги направат болидите бавни како полжави

Порше и дефинитивно, барем за сега, нема да биде дел од Формула 1, додека Ауди го потврди своето присуство, а се поизвесно е и враќањето на Хонда.

Германски Auto Motor und Sport пренесува дека корејски Хјундари и американски Форд целат до Јуни 2023 година темелно да анализираат и да донесат одлука дали ќе влезат во спортот со свој мотор согласно новите правила за агрегатите. Но, стравот е дека новите агрегати драстично ќе го забават тркачкиот циркус.

Во моментов, електро моторите испорачуваат 163 коњски сили во болидот, но од 2026 година тоа ќе се зголеми на огромни 475 корски сили, но стравот е дека тешко новите мотори да ја постигнаат таа сила.

болидите ќе бидат бавни како полжави, исто како и со првит ехибридни агрегати во 2014 година. возачите ќе мора да го отпуштаат педалот за гас на средина од правецот за да ги полнат батериите – пишува Auto Motor und Sport.

Главниот технички шеф на тркачката серија, Пет Симондс, посочи дека таквите стравови се целосно неосновани.

не очекуваме губиток на квалификациски, летечки круг, но на ткра времињата по круг секако дека ќе се зголемат од почеток.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ