Сите 20 возачи го бојкотирале состанокот со Пирели

Скандалот од Гранд При на Азербејџан продолжи и во Франција, а сите 20 возачи ја бојкотирале средбата со Пирели.

За тоа први известија водечкиот холандски весник Де Телеграф, кои велат дека имале неколку инсајдери во падокот, кои потврдиле дека предложената средба меѓу Пирели и возачите не се случила бидејќи возачите одбиле да се појават. Ова подоцна го потврди Скај Ф1 за време на емисија во живо, пренесувана од Пол Рикар. 

Последиците од двете огромни несреќи со голема брзина за Макс Верстапен и Ленс Строл за време на трката низ Баку се претворија во комплексна игра на обвинувања.

Ред Бул и Астон Мартин инсистираа дека не се виновни за откажувањето на гумите што на крајот ги предизвикаа сударите, но Пирели вели дека иако не прекршиле правила, двата тима возеле со помал притисок во гумите отколку што се очекувало во Баку.

Особено Макс Верстапен беше многу критичен кон Пирели за време на неговите медиумски должности пред Големата Награда на Франција, но шефот на Пирели, Марио Исола продолжи да му нуди да разговараат.

Разбирам дека Макс е лут – изјави Исола во Франција.

Но, тој исто така знае дека јас сум секогаш достапен за прашања.

Во обид да се избегне сличен инцидент на Пол Рикар, Пирели повторно ги зголеми минималните нивоа на притисок за уште два ПСИ.

Не можеме многу повеќе – додаде Исола.

Знаеме дека тимовите ќе возат со помал притисок, така што ова е единственото решение.

Не рековме дека овие тимови прават нешто што е спротивно на правилата, Но кога ќе видиме дека гумите работеа на одреден начин, тоа значи дека тимовите најдоа начин да го постигнат тоа. Како го направија тоа, ќе треба да ги прашате.

Но кога беше прашан Верстапен, одговорот е сепак пркосен.

Нашиот тим ги исполни сите барања за притисок во гумите. Тие велат дека немаат начин да ги следат притисоците за време на трката, но ние им ги дадовме нашите податоци.

Ако нивните упатства не се точни, не можеме да сториме ништо во врска со тоа. Секако одиме до границите, но Пирели не може да не обвини за тоа.

Исто како Астон Мартин, ние не сторивме ништо лошо.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ