Според Пирели, новиот асфалт е непознаница во Мајами

Од Пирели открија дека во пресрет на Градн При трката во Мајами имаат цел куп непознати работи околу деградацијата на гумите со оглед на тоа што 5,4-километарската патека доби целосно нов асфалт во пресрет на овогодинешното издание.

Првата трка околу Хард Рок стадионот минатата година немаше нов асфалт, се вози околу паркингот на огромниот стадион, а во пресрет на истата беа “крпени“ некои недостатоци. Дизајнот ги оправда очекувањата лани, но организацијата реши да постави целосно нова подлога за време на втората посета на Флорида од страна на Формула 1 тркачката серија.

Новата подлога е непознаница која ќе треба да се анализира од страна на Пирели во нивниот технолошки центар по првичните мерења во Среда.

на првата трка на патеката околу хард рок стадионот лани, гумите се однесуваа согласно очекувањата на асфалтот кој имаше посебни карактеристики поради својата микро-тврдија. знаеме дека патеката доби целосно нов асфалт за оваа година и мораме да го провериме и темелно да го испитаме во пресрет на почетокот на тркачкиот викенд за да видиме дали има некакви промени во неговите карактеристики – објасни марио исола, шефот на пирели моторспорт.

Според италијанците, со 19 доста бавни кривини и три правци, притисокот над гумите не е претерано силен поради што се решија да ги донесат средните гуми од својата гама за овогодинешната трка.

патеката во мајами бара средно ниво на потисна сила и има многу различни кривини, но и долг правец. ги донесовме средните гуми од гамаа (ц2, ц3 и ц4) и поради фактот што очекуваме многу високи температури откако лани асфалтот беше околу 60 степени.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ