Спортот во Британија продолжува, Силверстон се поизвесен

Шансите на Силверстон за организирање трка се зголемија откако владата на Велика Британија објави дека е можно да се организираат спортски настани без публика по 1 Jуни. 

Оваа сезона во Формула 1 сеуште не е започната поради пандемијата и сите трки досега беа откажани или одложени. Сезоната ќе започне во Австрија на 5 Јули и подоцна повторно на 12 Јули откако во Австриската Влада даде зелено светло за протоколот согласно кој ќе треба да се организира настанот.

Силверстон се надева дека ќе организира две трки по тие во Австрија и очекува промена на британскиот план за 14-дневен карантин кој ќе важи за сите. 

Премиерот Борис Џонсон најави дека може да се случи исклучок за Формула 1, но се зависи од развојот на ситуацијата. Иако Владата сеуште нема официјално донесено одлука можно е тоа да се случи веќе во Понеделник. Министерот за култура Оливер Доуден изјави:

Сега, по повеќе од два месеци откако спортот сопре, водиме разговори со медицински лица и професионални спортски тела за да донесеме одлука за одржување на спотски настани без публика. Таа одлука треба да ја соопштиме во понеделник.

Се зависи од спортовите дали ќе се продолжат натпреварите. За фудбалот, тенисот, јавањето, Формула 1, крикет, голф, рагби, снукер ќе продолжиме да разговараме и тие ќе се вратат на малите екрани. Ова е голем предизвик за нас. 

Формула 1 веќе го најави Европскиот дел од сезоната и сакаат да организираат 15 до 18 трки во Европа, Азија, Америка и крај на сезоната во Бахреин и Абу Даби. Франција, Монако, Австралија и Холандија и официјално нема да се случат оваа сезона. 

Моторспортот започна овој месец со Наскар во Америка, додека Супербајк и Индикар ќе започнат наредната недела. МотоГП сеуште преговараат за почеток но нема трка во Британија оваа година. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ