Тешките стандардни делови донеле проблеми со тежината

ФИА откри дека стандардните делови кои сите екипи годинава ги користат, се покажале потешки од очекуваното, поради што тимовите се мачеле со тежината на своите болиди и морало да се изгласа зголемување на минималната тежина за 3 килограни.

Како дел од целосно новите технички правила, тежината на болидите беше зголемена од ланските 752 килограи на дури 795 килограми, најмногу поради 18-инчните тркала кои почнуват да се користат наместо ланските 13ки. Токму тежината значеше еден од најголемите предизвици за екипипте затоа што ретко кој можеше да се сведе на минималната тежина.

Како резултат на тоа, тимовите побараа зголемување на минималната тежина за 3 килограми во пресрет на новата сезона, нешто што чека одобрување на Формула 1 Комисијата и верификација од Светскиот Мотор Спорт Совет и сето тоа во пресрет на следната недела кога е првата трка.

На тренингот во Бахреин, одговорниот за спортски отворени едноседи, Никола Томбазис, појасни дека стандардните комппоненти се покажале потешки од очекуваното, по што се покажало потреба за зголемување на тежината.

проблемот со тежината е секако поврзан со стандардните делови кои се покажаа потешки од очекуваното и не се под контрола на екипите сакавме да компензираме за тоа, а не тимовите да бидат казнети како резултат на тие делови.

видовме дека многу екипи се мачат со тежината годинава, повеќе од вообичаено и како дел од целиот пакет, целата промена, се договоривме да се зголеми минималната тежина за 3 килограим, нешто што чека одобрување од формула 1 комисијата и не може да биде потврдено во моментов.

Томбазис додаде дека самите тркала се во очекуваната тежина, но поклопците кои се аеродинамички додаток се претешки.

да бидам фер, гумите се само малку потешки, мислам отстапките ни се 100 грама во однос на предвиденото и тоа е малку, незначително. самите бандажи се согласно предвидувањата, но поклопците се доста потешки одошто очекувавме, тука имаме проблем.

се трудевме да ги направиме ефтини затоа што се потрошен дел, можевме да ги направиме полесни од карбон или слично, но пред се мислевме на цената. количините кои се произведоа се многу големи и тоа донесе потешки болиди кои мора да се користат.

Проблем за екипите е и фактот што мораа дополнително да го зацврстуваат подот за да се спречи потскокнувањето на болидите кое беше силно видливо на првиот тест. Не се решија сите екипи да го засилат подот, но Томбазис посочи дека тоа е нивни избор.

имаат опција да останат на првичниот под, не можеме никого да присилиме да направи нешто, опционално е, но на тој начин, со помек под, се гуми аеродинамика затоа што болидот многу потскокнува.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ