Тост: Квјат и Гасли прерано отидоа во Ред Бул

Тимскиот шеф на Алфа Таури, Франц Тост, смета дека неговите двајца возачи, Пјер Гасли и Даниил Квјат, премногу рано заминале од јуниорскиот Торо Росо во сениорскиот и конкурентен Ред Бул.

моите возачи беа делумно исплашени, но во исто време и благодарни за можностите и шансите кои ги добија. пјер гасли и даниил квјат едноставно премногу рано отидоа во ред бул, нешто што не беше претходно планирано.

себастијан фетел го напушти ферари и квјат мораше да го превземе неговото место, а кога и даниел рикардо замина, го присили гасли во второто место во ред бул. да неа беа такви околностите тие на друг начин и во друг момент ќе беа промовирани во екипата – смета тост во својата изјава за австриски Tiroler Tageszeitun.

Австриецот смета дека Макс Верстапен е сериозен кандидат за титула годинава, а го поддржа и поранешниот свој пулен, Себастијан Фетел, да ја врати загубената форма.

верстапен ги има сите состојки да стане шампион, огромен талент, неограничена страст, невидена дисциплина и креативност на патеката. со верстапен, ред бул е конкурентен на мерцедес.

ако фетел не добие негативен третман од ферари, тој може да победува повторно на трки и може да биде тежок противник за шарл леклер. не станува помлад, но сеуште е многу брз.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ