Тост објасни зошто очекува поблиско тркање годинава

Тимскиот шеф на АлфаТаури, Франц Тост, ги објасни причините поради кои очекува екипите да бидат поблиску една до друга годинава споредено со претходно.

Новите правила воведени лани имаа главна цел да донесат поблиско и понеизвесно тркање, но падокот останат речиси непроменет, а Ред Бул и Ферари беа далеку пред сите. Ограничениот буџет, барем теоретски, требаше повеќе да влијае на големите екипи затоа што драстично требаше да го намалат своето трошење и својот персонал, а Тост верува дека токму тоа ќе го изедначи поредокот.

екипите ќе се зближат, убеден сум во тоа. лани врвните екипи имаа предност како и една година претходно, но можеа да ги задржат сите свои вработени до јуни, а тоа им помогна да ги развојат новите болиди и поради тоа беа многу силни и класа за останатите – објасни австриецот.

Хаас имаат огромна корист од широкото техничко партнертво со Ферари, а шлаг на тортата за нив беше пол позицијата во Бразил лани. Алпин, на пример, открија дека го намалуваат бројот на посебни инженери во тимот и бараат луѓе со познавање во многу области.

мислам дека годинава ќе биде поинаку, секогаш велев дека од 2023 година ќе има разлика и ограничувањето ќе направи промени. така ќе продолжи и следните две години, а не знам за 2026 година затоа што повторно ќе има нови правила.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ