Алонсо малерозен и за Тојота, дисквалификувани од ВЕЦ Силверстон

Двете возила на Тојота во ВЕЦ ЛМП1 класата се дисквалификувани од трката, а нивните резултати се неважечки, откако техничката инспекција открила технички недостатоци на возилата. По дисквалификацијата, побдата припаѓа на тимот на Ребелион.

Екипажот составен од Фернандо Алонсо, Себастиен Буеми и Казуки Накаџима со возилото на Тојота број 7 беа најбрзи по 6та часови на легендарниот британски автодром. По нив заврши другиот екипаж на јапонскиот производител составен од Мајк Конвеј, Камуи Кобајаши и Хозе Мариа Лопез.

Сепак, техничката инспекција по крајот на трката открила дека двете возила имаат делови со нелегална флексибилност и поради тоа се исклучени од резултатите.

Екипажот на Ребелион составен од Густаво Менезес, Томас Лорен и Матиас Бече се победници на 3та трка од ВЕЦ календарот, а сестрриснкиот автомобил возен од Нил Јани и Андре Лотерер е на 2ро мето. Најниското место на подиумот му припадна на тандемот на СМП Рејсинг, Стефан Саразин – Егор Оруџиев.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ