Фетел незагрижен за ограниченото тестирање

Себастијан Фетел вели дека ограниченото тестирање што му е на располагање пред неговото деби со Астон Мартин не го засега, бидејќи ограничувањето е исто за сите.

Тимот ќе има само три дена предсезонско тестирање во Бахреин – од 12 до 14 Март – пред трката на Шакир две недели подоцна со што ќе започне сезоната во 2021 година. Три дена е еднакво на 1,5 дена за секој возач во тимот, но Фетел не очекува ограничено време на патеката да го комплицира неговиот премин од Ферари во Астон Мартин.

Од она што го слушнав, во моментов ќе има еден предсезонски тест и тоа ќе биде прв пат да бидам во новиот болид.

Дали сум загрижен? Не. Ако се случи тоа, тогаш тоа е што е. Со текот на годините, мислам дека се навикнувате на многу малку време и максимално искористување на времето на патеката, па дури и ако еден и пол ден не звучи многу, сепак можете да добиете пристојно возење.

Мислам дека е исто за сите нас и можеш да направиш многу работи претходно во денешно време. Претпоставувам дека клучот ќе биде подготовката што води на тестот, а потоа ќе се види на првата трка – вели Фетел.

Замената на Фетел во Ферари, Карлос Саинз, ќе започне со тестовите малку порано од неговите ривали, со тоа што Скудерија ќе постави приватен тест за шпанецот со еден од ннивните постари болиди во наредните недели за да ја забрза неговата интеграција во новата средина. За жал, Астон Мартин не може да му укаже ваква можност на Фетел.

Ние немаме можност да возиме со две години стар болид. Ќе сториме се што можеме со Себ за да се интегрира во тимот, ќе направиме многу преку работата во симулаторот исто така и со него, а потоа да ги искористиме трите дена на тестирање што ги имаме за да го подготвиме за првата трка – изјави тимскиот шеф, Шафнауер.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ