Ф1 и Имола се договориле за трка, се преговара за цената

Постои огромна шанса и оваа сезона да видиме Голема награда на Емилија Ромања на славната Имола во Сан Марино откако италијанските медиуми пренесоа дека одговорните на автодромот Енцо и Дино Ферари постигнале договор со Формула 1.

Лани беше враќање на патеката во Формула 1 календарот по подолго време откако корона вирусот целосно го измести календарот, а Либерти Мдиа многу брзо “склопја“ календар од 17 збиени трки.

Италија повторно сака повеќе настани и оваа година откако лани имаа три трки, освен легендарниот Храм на брзината во Монца и Имола, трка огранизираше и Скудерија Ферари на нивниот Муџело. il Resto del Carlino прнесува дека веќе е подготвена нова организација на трката откако се очекува Мелбурн да се отаже поради пандемијата, така што сезоната би почнала во Бахреин, а потоа би се одработеле Имола, Портимао, Барселона и Монако.

Според италијанскиот весник, постигнат е договор помеѓу промотерите во Сан Марино и Либерти Медиа, но проблем е само цената. Во Имола се свесни дека годинава ќе мора да платат за трка, но кај нив се зависи од бројот на посетители кои ќе им бидат дозволени да ги “вдомат“ на трибините. Доколку властите не дозволат гледачи, Имола нема да има можност да ги плати вообичаените 20-25 милиони евра за организација.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ