Ф1 нема да бара замена за Русија, календарот останува на 22 трки

Формула 1 потврди дека годинешниот календар ќе има 22 настани откако се решија да не бараат замена за Руското Гранд При.

Гранд При трката во во Олимписко Сочи беше планирана за 25 Септември, но по инвазијата над Украина, трката експресно беше отстранета од распоредот. Земјата има договор со Формула 1 и планот беше од следната година наместо во Сочи, настанот да биде организиран на Игора Драјв крај Санкт Петерсбург, но во екот на војната ништо не е сигурно

По откажувањеот на настаот, челниците на спорто тпобрзаа да најдат замена и да одработат календар со првично предвидените 23 трки. Катар, земјата која има 10-годишен договор со Формула 1, но кој почнув ада важи од следната година поради овогодинешното Светско фудбалско првенство кое ќе се организира таму беше еден од кандидатите, исто како и двојна програма на Сингпур.

Но, на крајот, плановите за замена н Руското Гранд При беа откажани, така што заменска трка нема да има и сезоната ќе има 23 настани. Позади ваквата одлука има неколку причини како трошоците, логистиката и комерцијалните проблеми. Трка во тој период во Европа е неизводливо локациски.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ