Ф1 пресече, нема телевизиски пренос во Русија

Формула 1 го раскина Договорот за телевизиски пренос на Гранд При трките кој го имаше потпишано со телевизијата Марч во време кога целиот свет ги прекинува врските со Русија по инвазијата на Украина.

Формула 1 најави дека го раскинале договорот за Големата награда на Русија откако Никита Мазепин го загуби возачкото место во Хаас, а главниот спонзор на тимот, компанијаа Уралкали, исто така доби раскин на договорот од американската екипа.

Англиската Премиер лига одлучи да ги раскине договорите за пренос на спортот во Русија, а и другите лиги низ Европа го направија истото. 

Договорот за раскин со Марч ТВ стапува на сила веднаш иако требаше да заврши на крајот на оваа година. Ф1 ТВ веќе нема да биде достапно во Русија со што фановите веќе нема да гледаат Формула 1 на било кој начин. 

Покрај Формула 1. се повеќе спортови одлучуваат да ги продолжат договорите и соработките со Русија и Белорусија 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ