Хил воодушевен од паметниот Алонсо

Александер Албон не беше задоволен од тактиката на Фернандо Алонсо во Азербејџан, но Дејмон Хил призна дека потајно се воодушевува на начинот на кој вози и размислува поранешниот двократн Формула 1 првак.

За време на квалификациите, Алонсо доби критики дека пребавно возел во загревачкиот круг на крајот од првиот квалификациски сегмент, а потоа и намерно излетал во еден дел од Баку каде тоа е можно за да донесе жолто знаме и дополнително да ги забави останатите.

ми се допаѓа, лукав е, итар е, паметен е. алекс албон го нарече неверојатно паметен возач затоа што си играше со останатите зад него на квалификациите.

дефинитивно тоа е дел од неговите стари трикови и мораме потајно да му се восхитуваме на начинот на кој го прави тоа и стекнува предност, но без да прекрши правило со лукава насмевка.

исто така одличен е, брз е и испорачува рзултати за тимот. да треб да бирам, дефинитивно би го сакал во тимот – вели хил.

Шпанецот ќе наполни 41 година следниот месец и е најстар возач на гридот. Хил смета дека кога-тогаш годините стигнуваат, но тоа не значидека веќе му се случило на Нандо.

се чини дека воопшто не е уморен и дека сеуште има желба и ентузијазам. ако му кажете дека некој пред него има проблем и дека може да мине, сигурен сум дека веднаш ќе се фати за работ и ќе бара начин како да престаса и на крајот ќе победи.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ