Хонда ги објасни своите цели со моторот за оваа година

Масаши Јамамото, шефот на Формула 1 проектот на Хонда, потврди дека моторот за 2022 година ќе биде еволуција за моменталниот. 

Макс Верстапен ќе треба да ја одбрани титулата во новата сезона со мотор кој ќе биде доста сличен со досегашниот. Иако Хонда формално се повлекува оваа сезона од Формула 1, сепак ќе работи со Ред Бул до 2025 година. Моторите нема да бидат многу различни до тогаш освен што ќе се промени горивото и ќе има поголем процент на етанол во него. 

Правилата ни даваат шанса да промениме се и да ставиме подобри делови. Овие промени се поради новото гориво – посочи јамамото.

Сеуште не е јасно како ќе се нарекуваат новите мотори за наредната години и дали ќе се појавува името на Хонда некаде на болидот. 

Тоа сеуште не е одлучено, ќе видиме. Има време за таква одлука и не е прашање дали Хонда ќе биде вклучена или не. 

Јапонскиот производител се најде во слична ситуација како во 2008 година кога се повлече со фабричкиот тим и неколку месеци подоцна со Браун ГП беше освоена двојната титула. Јамамото не се согласува дека не сакаат да правземаат ризици. 

Го превземавме ризикот бидејќи ова е тркање, мора да имаме стабилен бизнис бидејќи без тоа не може да се тркаме. Сега се работи за нешто друго. Тајмингот на одлуката можеби беше погршен. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ