Чандхок бара крај на посочувањето виновници

Карун Чандхок смета дека е време тимовите да престанат да комнуницираат константно со контролата на трката затоа што на тој начин се влијае на казните.

Во Канада победата на Себастијан Фетел беше одземена поради казна од 5 секунди за небезбедно вклучување на патеката и тоа донесе огромна прашина во исправноста на казнениот систем кој владее во тркачката серија. Хамилтон не губеше време и во иста секунда се јави до својот тим барајќи казна за “опасното“ возење на Себ.

не го обвинувам луис и мерцедес што се жалат на фиа за себастиан затоа што тоа е дел од играта, така прават сите. всушност, се прашувам дали во вакви моменти е подобро на тимовите да им се забрани да комуницираат со контролата на трката затоа што влијаат на нивните одлуки.

доколку беше обратно, нема сомнже дека ферари веднаш ќе се жалеше, а мерцедес со се што може ќе се бранеше, така стојат работите во денешната формула 1 и се чини тоа е многу погрешно, но тоа е друга тема – смета поранешниот возач исегашен комнтатор на Скај.

Сепак, тој не пропушти да каже дека не се сложува со казната:

не треба да се заборави дека тој возеше над 100 милји на час и не ги гледаше работие слика по слика. дефинитивно не беше ситуација во која тој намерно излезе пред хамилтон, намерно пресече шикана и го забави, како што се прави на пример во абу даби. верувајте, никој не сака да се најде на тревата со ѕидови толку блиску.

кога себ се врати на асфалтот, задниот дел на болидот лигочно пролизгуваше и можеше да биде лошо. тоа не беше блокираше и затворање на луис туку едноставно инстинктивна реакција на контролирање на надуправување на задниот дел при враќање на патеката.

може да се види како себастиан се бори со воланот за да оди лев и да го исправи болидот, со цел да му даде простор на луис. ако имаше намера даго истисне, немаше шанси да го врти управувачот толку многу. откако целосно го контролираше болидот продолжи право и не продолжи да го затвора хамилтон.

поради тоа за мене ова беше инцидент во кој возач едноставно погрешил и се вратил на патеката пред друг болид кој мораше да превземе мерки за да избегне судар, затоа што немаше простор да ја искористи таа грешка.

Карун смета дека германецот од Ферари веќе платил казна со тоа што неговата предност беше драстично намалена и британецот буквално се залепи зад него.

на крајто возачот беше казне за тоа што направи грешка кој ионака го казни, а тоа е премногу строго. ова беше борба помеѓу двајца многу квалитетни возачи кои се притискаа на секоја кривина и во секој круг со цел да се натераат на грешка. реакцијата на фетел беше човечка и не треба да се казнува.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ