Чандхок: Дебитантите во Ф1 треба да се преплашени

Поранешниот возач во Формула 1 и сегашен стручен коментатор смета дека дебитантите во Формула 1 треба да се преплашени кога прв пат кога влегуваат во болид.

Тој не е прв ниту последен што се жали од леснотијата со која се возат денешните болиди.

Сите сме сведоци како Макс Верстапен дебитираше со 16 години, а подоцна и Ландо Норис со 18 години. Минатата година Норис беше еден од тројцата возачи кои ја започнаа својата кариера во Фромула 1 и беше побавен само две десетинки од својот колега додека Расел беше побрз од Кубица и Алекс Албон беше преблиску до Верстапен.

Мислам дека Формула 1 треба да е врвот на спортот. Со цела почит кон Расел, Ландо и Албон бидејќи тие се одлични возачи, Но мислам дека треба да се побавни за најмалку три десетинки од првиот ден. Тоа треба да е страшно искуство за нив – смета индискиот возач.

Поранешниот пилот во Катерхам смета дека треба да се замени аеродинамиката која е во план за 2022 година.

Бев оптимист за 2021 година, но сега е одложена и Никако да стигне. Мислам дека на Формула 1 и е потребен рестарт да има подобри болиди.

Болидите од 2011 година беа одлични и возачите беа на работ. Сега го возев вилијамс од 2017 година и Мерцедес од 2019 година. Посебно В10 е одличен болид, Но се чувствува тежината кога ќе споредам со 2004 година и таа е скоро 140 килограми повеќе. Тоа додава седум секунди.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ