Чандхок: Маси се зезна во Абу Даби

Карун Чандхок, поранешниот Формула 1 возач и сегашен стручен коментатор, смета дека Мајкл Маси не е единствениот кривец за крајот на последната трка,, но само тој се зезнал. 

Многу се зборуваше за последната трка и за тоа кој ќе биде шампион бидејќи ривалите Хамилтон и Верстапен влегоа на трката со ист број поени. Но со тргањето на безбедносното возило на еден круг пред крајот, Верстапен кој беше на нови гуми, го престаса Хамилтон и дојде до титулата. 

Мислам дека со излетувањето на Латифи, Маси имаше опција да оди со безбедносно возило или со црвено знаме, а секако дека инцидентот Требаше брзо да се расчисти.

Има место за излез веднаш таму и брзо можеше да се реши. Не е ништо посебно одлуката. МИслам дека се зезна бидејќи се запалија сопирачките на болидот пред да се изнесе, Мораше да се гасат и многу пена од противпожарниот апарат остана на патеката. Затоа тој остана на одлуката за безбедносно возило.

Тој не требаше да извади црвено знаме бидејќи според процедура не е така. Немаше да има рестарт. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ