Четврто место е цел на Алпин годинава

Со двојните поени од Франција, Алпин дојдоа на 4то место кај конструкторите пред Мекларен, прв пат по почетокот на сезоанта.

Фернандо Алонсо немаше добар старт, но влезе во силен ритам и финишираше на 6то место, пред подобропласираниот Мекларен возен од Ландо Норис. Естебан Окон имаше контакт во првиот круг со Јуки Тсунода за што доби казна, но го надмина тоа и го победи Даниел Рикардо за 8мо место на крајот од трката.

Во пресрет на трката на Пол Рикар, двете екипи дојдоа со еднаков број на поени.

задоволен сум од нашата трка, одлично ја одработивме стратегијата и успеавме да го задржиме ритамот и да ја оптимизираме работата на гумите. моравме да се соочиме со разни проблеми во текот на викендот како на пример балансот само за да завршиме во топ 5, така што имавме силна трка и освоивме одлични поени.

имав добар старт и напреднав до 5то место, но потоа загубив позиција и тоа беше нормалната позиција за мене на тркава. тоа покажа дека ако имаме чист викенд како овој можеме да бидеме во топ 6 – посочи нандо.

Главниот извршен директор на Алпин, Лорен Роси, ја откри амбицијата на тимот за да крајот на сезоната.

мораме да направиме се за да останеме на ова 4то место кое го имаме во моментов кај конструкторите. нема да биде лесно, имаме новини кои доаѓаат на следните трки и целиме на силни викенди како овој домашниов во франција.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ