Џовинаци си најде место во Формула Е

Антонио Џовинаци ќе премине во Формула Е наредната тркачка сезона откако го загуби местото во Алфа Ромео. 

Во Вторник беше потврдено дека италијанецот нема да остане во екипата од Хинвил наредната година бидејќи тимот ќе го замени со кинезот Гуаниу Жу. Џовинаци си обезбеди место во Формула Е тимот Драгон/Пенске Аутоспорт покрај Серхио Сете Камара. 

Џовинаци претходно тестираше Формула Е со Вирџин, а ќе дебитира во електричната тркачка серија во Саудиска Арабија во Јануари. 

Веднаш кога стана јавно дека нема да бидам во Формула 1 одлучив да бидам дел од Формула Е шампионатот. Секогаш сум ја следел таа серија и возбуден сум што ќе бидам дел од Драгон/Пенске тимот. Би сакал да му заблагодарам на Џеј Пенске за интересот да ме донесе во тимот. 

Џовинаци ќе тестира Формула Е помеѓу трките во Катар и Саудиска Арабија. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ