Конкуренцијата годинава ќе ја спречи доминацијата следната

Главниот технички шеф на Формула 1, Пат Симондс, се надева дека блиската и изедначена борба сезонава ќе ги спречи врвните екипи да се насочат премногу кон своите болиди за следната година, а тоа ќе донесе поголема конкуренција штом новата регултива стапи на сила.

Одлуката кога да се насочат ресурсите кон следната сезона секогаш е многу комплексна и тешка затоа што зависи од конкурентноста и шансите во тековната сезона и целите за она што следува.

тоа е секогаш еден од големите проблеми, кога да се насочат ресурсите е многу тешка одлука, до кога да се работи на тековниот и кога да се почне со развој на следниот болид.

помеѓу минатата и оваа година беше доста лесно затоа што правилата остана идентични и болидите за 2020 година ќе бидат само еволуција. лани имавме одлично тркање и се надеваме годинава да биде уште подобро.

екипите започнаа со работа на болидите за 2021 година од поодамна затоа што работат со нас подолг период на новит еправила. но, како и секое учење, на почетокот учењето и сознавањето е најголемо, но кко се додава потисна сила, перформансите се изедначуваат – посочи симондс.

Инженерот продолжи да објаснува како позицијата на екипата тековната сезона има голем ефект во однос на промената на фокусот за следната година, сметајќи дека оние кои имаат лоша сезона и се позади во поредокот порано почнуваат да се насочуваат на тоа што следува.

се работи за функција од тоа каде се наоѓате во шампионатот и колку пати имате. буџетското ограничување не стапува на сила до 2021 година така што екипите може многу да потрошат и многу да вработуваат сезонава.

ако има доминацја на чело на поредокот, тогаш тие тимови веројатно порано ќе почнат да префрлуваат ресурси кон следната година. но, мислам дека нема да има доминација на чело и ќе има одлична борба за гледње и се надевам дека сите ќе се насочат кон тековната сезона.

екипите од позадина можеби повеќе ќе се потрудат за болидите за 2021 година и ќе имаме одлична сезона пред нас иако секако дека ќе има разлики се додека не се изедначат перформансите. се надевам дека во 2021 година ќе имаме одлично тркање.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ