АлфаТаури загрижени за финансиите во 2022 година

Тимскиот шеф на АлфаТаури, Франц Тост, вели дека финансиската криза од моменталната ситуација многу го загрижува околу дизајнот и развојот на болидот за 2022 година.

Со цел да се справи со кризата од Корона вирусот, Формула 1 одлучи да го забрани развојот на голем број на делови за 2021 година, со што целосно новите правила ќе бидат воведени во 2022 година.

Не сум премногу загрижен за наредната година. Иако може да пренесеме повеќе или помалку од овој болид, во 2021 година ќе мора да дизајнираме и изработиме целосно нов болид за 2022 година и сеуште не знам како ќе успееме во тоа од финансиска гледна точка.

Таков голем проект бара многу пари, Но ќе видиме. Така е одлучено моментално, јас би сакал да беше за 2023 година, но ФОМ и ФИА одлучија против тоа и мора да го извлечеме најдоброто од ситуацијата.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ