TЦР Европа, Франција: Старт од 4 позиција за Џиролами и PSS Racing

По неверојатните петочните тренинг сесии за Нестор Џиролами и македонскиот тим на PSS Racing, на денешните квалификации повторно беа прикажани одлични перформанси со пласман за стартот од 4та позиција.

Виктор Давидовски во текот на вчерашниот ден типуваше дека неговата Хонда возена од неговиот пријател Нестор Џиролами ќе има поголемо заостанување на правците на Пол Рикар, односно околу 8 километри на час, по што и не се во можност да атакуваат кон пол позиција, но сепак е уверен дека истата разлика ќе се надомести пред следните трки во сезоната.

Џиролами ја покажа својата врвна класа и со одлично подготвената Хонда од нашиот претставник ќе ја започне денешната трка од вториот стартен ред, позади Даниел Лојд, Меди Бенани и Џон Филипи, кој ќе стартува од пол позиција.

Трките може да ги следите во живо преку Facebook профилот на PSS Racing Team или преку YouTube каналот на ТЦР Европа серијата. Првата трка е во Сабота, 22 Август во 12:50ч; втората трка е во Недела, 23 Август, во 12:15ч.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ