Абитебул: Еден од најдобрите пласмани по враќањето во Ф1

Сирил Абитебул изјави дека двојниот пласман во топ 10 за Рено во Британија бил еден од најдобрите постигнати по враќањето на производителот во спортот во 2016 година.

Рикардо и Окон се пласираа на 4то и 6то место на Британското Гранд При изминатиов викенд.

Ова беше многу добар резултат и еден од најдобрите од нашето враќање во Формула 1. Особено значи многу тука во Силверстон, храм на Формула 1 првенството и една од домашните трки за нашиот тим. 

Јасно, имавме и малку помош на крајот и добивме позиции, но тоа не треба да ги засени силните перформанси од тимот во текот на целиот викенд. Двајцата возачи имаа силен прв круг, при менувањето во бокс тимот заврши одлична работа. Имавме силна издржливост, а тоа е важно кога има трки исполнети со случувања.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ