Алонсо: Алпин беа оптимисти со стратегијата

Фернандо Алонсо изјави дека неговиот тим Алпин биле премногу храбри и претерани оптимисти со стратегијата со едно застанување предвидено за 66те кругови на Шпанского Гранд При. 

Како и неговиот колега Естебан Окон, Алонсо беше еден од многуте возачи кои имаа стратегија со едно застанување. Шпанецот возеше на 9та позиција пред неговите гуми да се потрошат и да биде приморан да менува. 

Долго време возеше во топ 10 пред да биде престигнат од Пјер Гасли кој успеа да се задржи напред по борбата на Алонсо со Строл. 

Не можев да возам. Мислам дека имавме оптимистичка стратегија и знаев дека доаѓаат побрзи болиди кои не можев да ги задржам, Но морав да ризикувам.

Бевме многу храбри денес. Мислам дека треба да се поработи на темпото за трка и менаџирањето на гумите – појасни нандо.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ