Алонсо задоволен што не возел во Турција лани

Фернандо Алонсо своето последно Турско Гранд При го имаше во 2011 година и откри дека чувството додека возел во Петок било исто како тогаш.

Спортот се врати на Истанбул Парк лани, но патката доби нов асфалт буквално пред трката, така што беше многу лизгаво, а грипот беше очајно слаб. Годинава асфалтот е третиран со водени топови, така што нивото на грип се вратило на вообичаеното рамниште, а возачите се задоволни.

патеката е онаква каква што се сеќавам на неа. среќен сум што не се тркав тука лани затоа што било многу поинаку, а времињата по круг го покажуваат тоа. денешните сесии се многу поразлични и многу понормални – објасни нандо.

Алпин иаа добар прв ден возење во Турција и завршија со 7мо и 9то време за своите возачи. Шпанецот има за цел да стигне до послендиот квалификациски сегмент, но свесен е дека може и да заврне, така што времето ќе биде клучно.

секогаш има некакво подобрување да се најде во текто на ноќта, но мислам дека во сабота клучно ќе биде времето и брзата адаптација на истото. цел е последниот квалификациски сегмент, односно топ 10, но ќе видиме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ