Алонсо искрен: Не бев на вистинско ниво, но ќе бидам во Портимао

Двократниот Формула 1 првак, Фернандо Алонсо, призна дека не бил на вистинското ниво аз време на Големата награда на Емилија Ромања коај се возеше во Имола викендов.

Возачот на Алпин дојде само до поен и тоа по казната на Кими Раиконен по крајот на трката и официјално е 10ти во поредокот, позиција зад својот колега.

Запрашан дали се мачел, шпанецот посочи дека сеуште се запознава со А521:

изгледа дека сеуште се запознавам со болидот, но не сакам тоа да звучи како оправдување за моите перформанси. јасно е дека секој круг се чувствувам поудобно во за мене новиот болид.

сепак, тоа не смее да биде орпавдување за моите резултати морам да бидам подобро подготвен следниот пат. без разлика колку време имам на располагање во болидот, ќе дадам се од себе и ќе бидам посилен.

променив доста тимови во кариерата, променував категории и разични серии во моторспортот, но оваа недела не бев на потребното ниво. се надевам оти во портимао ќе бидам посилен – најави нандо.

Трката на Имола беше само втора за Алонсо во својата нова екипа, нешто што сигурно дека само по себе е предизвик

од првиот круг до крајот на трката се менуваа условите, а со тоа и гридот повеќе пати во текот на трката на која имаше и едно црено знаме и еден рестарт. имаше многу работи кои се сучија кои вообичаено се случуваат за 4-5 трки, така што беше настан полн со случувања.

среќен сум од она што го научив, среќен сум што возам конечно и по мокра патека. имам многу да анализирам и научам од овие 63 кругови. се чувствувам 300% подобро во болидот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ