Алонсо му се извини на Мик за инцидентот

Фернандо Алонсо му се извини на Мик Шумахер за инцидентот на патеката во Турција. 

Шпанецот имаше тежок старт откако беше удрен од Пјер Гасли во првиот свиок при што се изврте, а подоцна и самиот удри во младиот Шумахер. За таквиот контакт, тој доби казна од пет секунди за која прифати дека е негова вина. 

Беа тешки услови и беше доста лизгаво. Всушност, имав два судара кои ми ја уништија трката.

Пјер беше во сендвич и удри во мене, Но жал ми е за Мик што го удрив. Тргнав да го престасам и беше доста тешко на влажно време. Немав среќа и не успеав да донесам поени по одличната стартна позиција.

како тим освоивме поени и одиме во Остин каде се надевам на повеќе среќа – посака нандо.

Пред стартот, Алонсо се надеваше на поени бидејќи стартуваше од 5та позиција, но на крајот заврши на 16то место. Неговиот колега, Естебан Окон заврши со само еден поен откако не влезе ниту еднаш во бокс да ги промени гумите. Марцин Будковски смета дека извозел одлично, но сепак имале разочарувачки резултат. 

Имавме чуден исход од трката. Фернандо имаше два инцидента и неговата трка беше уништена. Не можеше да најде перформанси поради штетата.

Фрустрирачки е бидејќи стартуваше од петта позиција и гледајќи каде заврши Гасли.

Естебан извозе одлично од аспект на менаџирање на гумите. Ја извозе целата трка со еден сет гуми и донесе поен. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ