Алонсо ќе демонстрира болид на Алпин на Ле Ман

Фернандо Алонсо ќе има демонстрација со својот Алпин болид на легендарната трка 24 часа Ле Ман викендов.

Шпанецот е двократен победник на познатата трка, а викендов веројатно ќе вози болид од времето кога екипата беше позната како фабрички Рено поради ограничувањата за возење на болиди од поновите генерации. Неговото возење ќе биде дел од промоцијата на модели на Алпин на патеката, а неговиот колега Естебан Окон ќе управува со А110 ГТ4 автомобилот.

Лорен Роси, Главниот извршен директор на тимот исто така ќе биде дел од настанот и ќе вози А110С модел низ 8,5 километри долгата патека.

Шпекулациите велат дека Алпин многу скоро ќе потврдат дека ќ есе вклучат во ВЕЦ ендјуранс серијата паралелно со своите Формула 1 обврски и ќе ја предизвикаат Тојота која доминира во најсилната класа неколку години.

Фернандо победи на Ле Ман во 2018 и 2019 година возејќи Тојота заедно со Себастиен Буеми и Казуки Накаџима, а Брендон Хартли го замени потоа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ