Бројот на позитивни Корона тестови опаднал по Бахреин

Kако и минатата година, така и оваа, ФИА објавува број на позитивни тестови за коронавирус за секоја Гранд При недела.

Што се однесува до справување со вирусот, Формула 1 направи релативно добар почеток од стартот на сезоната и тоа не се промени ниту во Имола.

Од 4.523 тестови што беа направени една недела пред трката, само два биле позитивни. Тоа е десет помалку отколку во Бахреин, каде што дванаесет лица, вклучувајќи ги и членовите на тимот на Астон Мартин, беа позитивни. Во таа недела, сепак, беа направени скоро двојно повеќе тестови.

И покрај ова, процентот на позитивни тестови сега е само 0,04 проценти, во споредба со 0,15 проценти во Бахреин. Тестовите се вршат на сите активни лица во падокот, не само на возачите и членовите на Ф1 тимовите, туку и на медиумите и другиот помошен персонал.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ