Виетнам го откри изгледот на новата патека

Се ближи првото Витнамско Гранд При во историјата на Формула 1, а каок што открија организаторите, подготовките за настанот се во полн ек. Минатата недела од Ханои открија дека ќе направат промени во пресрет на трката, односно патеката ќе има свиок повеќе 22 наместо 23.

Патеката ќе биде мешавина од наменски граден дел и улични патишта, првичниот план беше да има 22 кривини, а инспирацијата требаше да се црпи од легендарните Сузука, Монако и Нирбургринг.

Сепак, поради големите предизвици кои уличните трки ги носат со семе кога се работи за изгледот и карактеристиките на самите патеки, организаторите морале да најдат начин да заобиколат инфраструктура под патеката. По проценките, последниот дел од кругот е променет со додавање на 23та кривина и проширување од околу 15 метри.

Првичниот нацрт беше дека последните две кривини се леви, првата е брза, а втората тесна, а сега истите се помешани со една блага во десно.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ