ЕСПН се извини за техничките проблеми

ЕСПН, телевизијата која од оваа сезона ги превзема Формула 1 преносите за Соединетите Американски Држави, се извини на своите гледачи за неколкуте технички проблеми кои ги имаше за време на својот премиерен пренос.

ЕСПН го замени НБЦ како пренесувач за САД оваа година, но проблемите во текот на дебитантскиот викенд наидоа на многу жестоки реакции од фановите низ социјалните прежи кои го натераа гигантот да се извини.

Техничките проблеми донесоа 20-минутен прекин на програмата пред почетокот на трката, а на екранот се појавуваше статична снимка од 9от свиок во Мелбурн. Дел од фановие ги оправдаа овие дебитантски грешки на телевизијата, но не можеа да ги оправдаат лошо осмислените паузи за реклами. Теелвизијата го превзема преносот од Скај и поради тоа нема контрола врз коментарот и снимките и поради тоа ако нешто се пропушти за време на рекламите, не може да се надомести со снимка затоа што истото се нема случено на платениот Скај каде нема никакви реклами.

Откажувањето на Роман Гросжан од Хаас не беше видено во Америка како предизвикувач на Безбедносното возило, а исто така проблеми имаше и за време на рестартот на трката.

Поради проблемите и пропустите, ЕСПН излезе со извинување и ветување дека ќе се превземат одредени чекори за неповторување на проблемите во иднина.

Им се извинуваме на Формула 1 фановите за техничките пречки кои доведоа до пропуштање на првите 20 минути од шоуто пред почетокот на Австралиското Гранд При.

Жалиме што нашиот прв пренос не мина без грешки како што посакувавме, но превземаме напори да спречиме истите грешки да се повторат во иднина. Им благодариме на фаноивте кои гледаат со огромна страст кон Формула 1 – гласи соопштението од ЕСПН.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ