Исола: Едно влегување во бокс, тоа е стратегијата

Според петочните тренинг сесии и од искуството од минатите години, Пирели очекува возачите да го завршат Руското Гранд При со едно влегување во бокс.

По проблемите во К2, Хамилтон ќе ја стартува трката на софт компоненти, додека Ботас и Верстапен ќе бидат на медиум. Марио Исола од Пирели, чека да види како тоа ќе се одвива во трката и дали ќе направи разлика. 

Како и очекувано, пневматиците беа добри во квалификациите, но самата сесија беше непредвидлива. Очекувавме челните тимови да ги користат медиум пневматиците во К2, и тоа беше случајот, а Макс Верстапен и Валтери Ботас ќе стартуваат на иста компонентна. Тоа би требало да им да даде предност во првиот долгиот стинт и поголема флексибилност во трката.

Црвеното знаме на крајот на К2 е дополнителен предизвик за тимовите, големо изненадување, особено за Луис Хамилтон, кој сакаше да премине во К2 на медиум. 

Ќе биде тензично во трката, ќе биде потребно менаџирање на пневматците за тие кои ќе стартуваат на софт и кои планираат на едно застанување.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ