Ле Ман е сеуште на листата на Гросжан

Роман Гросжан изјави дека е заинтересиран за враќање во ВЕЦ шампионатот и тркање на престижниот Ле Ман во иднина. 

Тој веќе еднаш учествувал на трките и тоа на 24 часа Ле Ман во 2010 година. Кога веќе не е во Формула 1, тој верува дека има многу опции кои сака да ги истражи, една е неговиот план да се трка во Индикар, а друга е да се проба во ВЕЦ.

Да тоа е на листата. Сега сум во ИндиКар и ќе патувам често од Европа во САД.

ВЕЦ е нешто што го сакам. Зборував со Кевин Магнусен по 24 часа Дајтона и тој уживал. Очигледно тие немаа среќа со гумата на пет круга до крајот, но тој е среќен што се борел за победа. ТОј заврши одлична работа таму и делеше болид со колега.

Ле Ман е на листата како и Себринг и Дајтона. Има повеќе трки кои сакам да ги возам. 

Всушност Гросжан имал повеќе понуди за анстап во ВЕЦ ендјуранс серијата. 

Не би сакал да влегувам во детали за разговорите или можностите. Некои беа во ВЕЦ други во Формула Е и ИндиКар. ИндиКар беше мој избор и уживам таму. 

Сепак, Гросжан не знае дали долго ќе биде во Индикар. 

Да бидам искрен не знам, Можно е. Сакам да сум среќен и да останам долго. Доколку не се исполни планот се враќам во Европа. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ