Маси во одбрана на одложувањето на одлуките во Ф1

Директорот за трка во Формула 1, Мајкл Маси, ги брани своите одложени одлуки кои се случуваат во последно време во текот на викендите. 

Одлуката за дисквалификацијата на Луис Хамилтон од квалификациите на Бразилското Гранд При не беше потврдена до наредниот ден кога беа разгледани сите докази.  Во Катар, тројца возачи беа повикани кај стујардите поради наводен прекршок за непочитување на жолтите знамиња на квалификациите во Катар и одлуките беа донесени неколку часа пред трката. 

Мора да се запаметат некои работи, а тоа е дека мора да се има повеќе детали во описот за да се каже дали некој е вновен или не е. Мора да се има повеќе разбирање во процесот за да се разберат ваквите случаи.

Стујардите ја пишуваат нивната одлука и мора да се има разбирање за нив колку време им е потребно. Некогаш и тимовите сакаат шанса да го презентираат својот случај.

На пример, во Бразил се траеше два дена, Мерцедес презентираше 2,5 часа и мора се да се земе во предвид. Понекогаш стујардите само скааат да го напишат описот дека се прекршиле правилата и тоа е тоа – појасни маси.

Австралијанецот потенцираше дека за се е потребно време бидејќи се повеќе луѓе се вклучени и потребно е време да пристигнат и слично. Тој отфрли дека имало преголемо одложување околу одлуката за жолтите знамиња.

Гледате каде се сите болиди на патеката и мора да се разгледаат снимките од сите болиди во топ 10. Подоцна ги гледате податоците и колку време се троши за сето тоа да се заврши пре да се презентира до стујардите и да се испратат поканите. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ