Маси го објасни инцидентот со кранот од квалификациите

Директорот за трка во Формула 1, Мајкл Маси, најави ревизија на процедурите по контроверзијата на почетокот на средниот квалификациски сегмент.

Имено, возачите беа пуштени да возат по патеката додека болидот на Николас Латифи сеуште се отстрануваше со кран од патеката откако канаѓанецот излета на крајот на првиот сегмент. Вообичаената процедура е Контролата на трка да следи до каде е отстранувањето на болидот и да не даде знак за почнување на следниот сегмент се додека болидот не е безбедно отстранет заедно со сиот персонал.

Но, стигнала порака дека работата ќе биде завршена до доаѓањето на болидите до спорното место, така што било решено сесијата да продолжи согласно првичниот план затоа што ионака веќе се доцнеше. Но, поместување на кранот зад бариерите било подолго одошто се очекувало, така што додека возачите минуваа во тој дел од патеката, беа развееани жолтите знамиња.

Иако се работеше за загревачки круг, сепак возачите форсираа поради потешкотиите со загревање на гуите цел викенд.

ги пуштивме болидите од боксот во момент ког возилото за излвекување на болидот од крај патеката се движеше кон излезот од патеката. согласно информациите дадени до контролата на трка, возилот ќе било надвор од патеката до доаѓањето на болидите крај него, односно 8та кривина.

штом видовме дека за тоа ќе биде потребно повеќе време, ја зголеивме зоната на двојно жолто знаме од 8та кривина до влезот на 7от свиот со цел да ги забавиме болидите во нивните загревачки кругови.

јасно е дека ова не беше посакуван расплет на настаните, но ако знаевме дека ќе биде потребно повеќе време, ќе постапевме поинаку и ќе ги задржевме болидите се до завршување на процедурата на отстранување на болидот. ќе ги ревидираме процедурите за да минимизираме слична грешка во иднина – најави маси.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ