На Силверстон ќе се решава судбината на греачите за гуми

Формула 1 планира да се забрани употребата на ќебињата за загревање на гумите од следнаа година, а клучното гласање на ФОм, ФИА и екипите ќе се случи по овогодинешното Британско Гранд при во Јули.

Пире веќе некое време прави пдоготовки на своите пневматици за да се помалку сензитивни на температурите со цел на тој начин да се подобри тркањето. Претходните обиди да се отстранат греачите не беа успешни затоа што гумите не успеваа да се загреат доволно за да има добро тркање со нив.

Пирели има своја приватна тест програма преку целата година, а сезонава ќе се работи на производ на кој не му треба загревање пред да се користи. Шефот на Пирели моторспорт, Марио Исола изнави:

силверстон е трка по која имаме два денови тест и идејата е по тој тест да се направи темелна анализа на податоците заедно со фиа, ф1 и сите екипи. потоа би одлучиле дали сме ја постигнале целта да не ги користиме греачите на гуми од 2024 година или повторно да ја одложиме таа одлука.

Италијанецот дополни дека сеуште е рано за да се биде сигурен и дека одлуката која носи промена на правило е многу сложена.

не знам точно и тешко е да се претпостави. верувам дека сме на добар пат да ја постигнеме целта во однос на одржливоста, но секако дека никој не сака да се наштети на шоуто. не сакам да кажам дека целта е невозможна, затоа што ништо не е невозможно, но предизвикот е голем.

мислам дека промената од 13-инчни на 18-инчни гуми беше многу поголем предизвик и дека греачите нема да бидат толку голем проблем.

сепак, нема да е лесно затоа што зборуваме за најбрзата тркачка серија во светот и болидите кои стааат притисок над гумите како ништо друго на свет. кога имате толку многу енергија над гумите, се создава огромен притисок и компонентите мора да работат во многу различен опсег под целосна оптовареност, а тоа е многу тешко.

Ако гласањето мине успешно, Пирели ќе побараат користење на новите гуми за време на петочните тренинг сесии во Јапонија и Мексико. Исола појасни дека гуми на кои не им треба дополнителн озагревање се целосно нови компоненти за кои треба да се направи целосно нова конструкција споредено со она што се користи сега.

треба да дизајнираме компоненти кои ќе работат од 20 степени до 120 степени или ризикот е лошо загревање или прегревање. потоа поради зголемениот притисок од топло до ладно кој ќе биде 9/10 пси, потребна е целосно нова конструкција.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ