Окон задоволен што го победил Алонсо како колега

Естебан Окон е задоволен што го победил Фернандо Алонсо како колега во Алпин откривајќи дека за тоа морал да се подобри колку што можел повеќе.

Алонсо и Окон две години се тркаа еден крај друг во фабричкиот Алпин тим пред Нандо да реши од следната година да го промени тимот и да вози за Астон Мартин. Годинава Окон победи во однос на поените, освојувајќи 92, односно 11 повеќе од Алонсо, што значи во двете заеднички сезони вкупно 166 за разлка од 162 колку што Фернандо инкасираше, а патем дојде и до победа. Со тоа, Естебан стана првиот возач по Луис Хамилтон во 2007 година кој го победил Фернандо додека бил колега со него.

Шпанецот имаше многу технички проблеми и откажувања поради тоа годинава при што загуби многу поени, но и Окон имаше свои маки.

чувството е одлично затоа што тој е многу брз возач и јас морав да се подобрам максимално за да го напрвам тоа. да се заврши пред него е вистинско задоволство за мене – објасни окон.

Естебан не дојде до ниту еден подиум оваа сезона, но освои најмногу поени од било која своја Формула 1 сезона и заврши на 8мо место во возачкиот поредок. Тој смета дека подиум пласман било единствено што му недостасувало годинава која ја цени како најдобра во неговата кариер.

беше одлично да се работи со фернандо и да се притиска тимот на ново и повисоко ниво. мило ми е што минав две години крај него и му посакувам се најдобро во астон со надеж дека во иднина ќе се бориме еден против друг.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ