Пирели ги објави компонентите за првите четири трки

Снабдувачот со гуми во Формула 1, италијански Пирели, ги потврди компонентите кои ќе ги донесе на првите четири Гранд При трки во 2020 година.

Откако тимовите едногласно се договорија да не ја користат новата спецификација на Пирели за 2020 година, и следната сезона ќе се користат овогодинешните гуми кои екипите научија да ги оптимизираат како што одминуваа трките.

Поради роковите кои “ги газеа“ за потврда на гумите, Пирели го открија својот избор за првите четири трки кој е идентичен и тоа Ц2 како најтврда хард бело означена компонента, Ц3 како средна медиум жолто означена компонента и Ц4 како софт најмека црвено маркирана компонента со која ќе се комплетираат трките во Австралија, Бахреин, Виетнам и Кина.

Во однос на Бахреинското Гранд При лани, Пирели “оди“ со скалило помеки гуми, додека за Австралија и Кина изборот и идентичен со ланскиот.

Правилото за сетовите е исто како и оваа година односно секој возач добива по еден сет од секоја компонента,а а останатите 10 сетови ќе може слободно да ги одбере. Дополнително, Ц4 треба да се користи само во К3, додека хард или медиум мора да се користат на трка.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ