Пирели го објасни распоредот за тестирање

Доставувачот на гуми во Формула 1, Пирели, ќе ги искористи своите 12 дена тест надвор од сезоната за да работи на своите гуми за дожд и развој на гумите за 2024 година. 

Италијанците беше жестоко критикувани за своите гуми за дожд во последните сезони бидејќи возачите не сакаа да ги користат и користеа само интермедиа гуми кога беше можно. Компанијата сега ја финализираше својата програма со неколку тимови со кои ќе вози во Декември и во Февруари. 

Алфа Ромео ќе возат на влажен Пол Рикар на 3 и 4 Декември додека Ферари ќе вози на Фиорано во исти услови на 6 и 7 Декември. Наредниот тест на влажно ќе биде на Пол Рикар со АлфаТаури на 3 и 4 Февруари. 

Сувите сесии ќе се одржат со АлфаТаури на Портимао на 14 и 15 Декември, Мерцедес на Пол Рикар на 1 и 2 Февруари и подоцна Мерцедес и Астон Мартин на Херез на 7 и 8 Февруари. 

Знаеме дека мора да ги подобриме гумите за дожд во однос на загревање и перформанси. Се надеваме на влажни услови и наша цел е да ги тргнеме греачите на гуми наредната година. Се надевам дека нема да има снег на Фиорано – изјави марио исола, шефот на пирели моторспорт

Италијанецот објасни дека ниту еден тим нема да има предност доколку тестира. 

Сега се официјализира тест календарот и пративме покана до сите што сакаат да учествуваат. Некои тимови прифатија некои не, не ги биравме ние. Во тие тестови не може да го развиваат новиот болид бидејќи човек на ФИА ги проверува сите делови и конфигурации. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ