Пирели немаат многу податоци, но најавуваат една промена на гуми

Снабдувачот со гуми во Формула 1, италијански Пирели, смета дека стратегијата е целосно отворена за претсојната трка за Големата награда на Португалија, но најверојатно ќе се одработи со едно застанување по нови гуми.

По 24 години пауза спортот се враќа со Португалија, на автодромот на Алгарве за прв пат во својата историја. На тренинг сесиите во Петок екипите се мачеа со новиот асфалт кој немаше воопшто грип, а 30 минути од втората сесија беа посветени на тест за новите гуми на Пирели.

Комбинацијата од целосно нов асфалт и најтвдите гуми кои италијанците ги донесоа значеше слаб грип и многу различни линии по кои возачите се обидуваа да минат на патеката.

Шарл Леклер од Ферари и тандемот на Мерцедес беа единствени кои успејаа да дојдат до последниот квалификациски сегмент на медиум гумите, додека останатите од првата десеторка ќе стартува на софт кој се покажа полошо на оваа патека.

Моменталните подтоци на Пирели сугерираат дека стратегија со една промена на гуми е најбрза за комплетираше на предвидените 66 кругови по патеката крај Портимао и тоа почеток и возење 32 кругови на медиум, а останатите 34 кругови на хард.

За оние кои ќе почнат на софт, се чини дека најбрзо е да ги возат тие гуми, кои се покажаа дека многу брзо деградираат, само 18 кругови, а потоа остатокот да го менаџираат на хард.

Пирели исто така смета дека трката може да се заврши и со две застанувања доколку температурата не биде толку висока, што значи серија на софт од 14 кругови и потоа две серии на медиум од по 26 кругови.

Со можност за дожд од 60% и температура од “ситно“ над 20 степени, стратегијата останува отворена.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ