Пирели очекуваат новите болиди да бидат половина секунда побавни

Новите болиди кои ќе дебитираат наредната година ќе бидат околу половина секунда по круг побавни од актуелните. 

Формула 1 започнува нова ера со нови технички правила од наредната година за да се подобри тркањето и да се намали ефектот на нечистиот воздух кој го создаваат болидите зад себе. Се очекуваат да се поедностават аеродинамичките делови, а ќе се вози и на нови поголеми и потешки гуми од 18 инчи. 

Според симулациите на тимовите, новите болиди ќе бидат побавни за половина секунда, Но сепак мислам дека таа разлика може да се намали до крајот на сезоната – потенцираше марио исола од пирели.

Новите гуми ги пробаа 9 од 10 екипи кои возеа со модифицирани болиди од 2019 година. 

Морам да кажам дека разликата меѓу компонентите е според нашите очекувања, Но мора да се има предвид дека ова се модифицирани болиди и целта е тимовите да имаат шанса да работат со податоци во текот на зимата. Целата слика ќе ја видиме наредната година – дополни исола.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ