Пирели со темелна истрага по фијаското со гумите

Марио Исола, шефот на Пирели моторспорт, откри дека тие ќе анализираат се што е можно по серијата откажувања на гумите на крајот од Британското Гранд При.

Луис Хамилтон, Валтери Ботас и Карлос Саинз имаа слични проблеми со предното лево тркало односно дупнување на таа гума и додека првакот успеа да се дотркала со три гуми и да победи, Ботас и Саинз загубија пласман и не освоија поени.

За Исола сеуште не е јасно што го предизвикало оштетувањето на гумите, иако не исклучува тоа да биле делови од оштетеното крило на Кими Раиконен.

секако дека темелно ќе истражиме што се случувало последните кругови, а сега е премногу рано да носиме заклучоци. може да биде големо трошење на гумите затоа што по 38 кругови на таа патека, пневматиците се доста истрошени, но не велам дека тоа е проблемот.

може да се и остатоци од болиди затоа што голем дел од предното крило на кии беа на патеката, но и други делови. сакам точно да се истражи што стана со гумите, ќе ги анализираме и ќе ги најдеме исечениците за да видиме што точно ги предизвикале.

не исклууваме ништо, сакаме да анализираме се што е можно и да ги анулираме сите можности затоа што вакви крупни работи мора темелно да се анализираат и да се дојде до причината за нив. поради тоа не исклучуваме ништо.

ќе ги анализираме спорните гуми за да видие дали нешто од нивната конструкција придонела да се под голем стрес и да откажат.

нивото на потрошувачка на гуми на силверстон е многу големо и тоа секако дека е фактор. ја видовме гумата на гросжан од првата серија, беше целосно истрошена, а видов и уште неколку гуми од втората серија и нивото на дегрдација е блиску до 100%.

имает гуми кои целосно го “изеле“ заштитниот дел од конструкцијата и ако има било какви остатоци на патеката, доволни се мали парчиња карбон, многу лесно че се оштетат затоа што речиси и да немаат гума која го штити јадрото на пневматикот, а на некои гуми се видливи и внатршните жици. поради тоа велам дека нивото на деградација е блиску до 100% – анализира исола.

Тој е свесен дека со втората трка на Силвестон за седум денови, клучно за Пирели е да најде одговор неделава, откако првичната истрага ќе се спроведе на патеката веднаш по трката.

имаме можност дел од истрагата да ја направиме во нашата лабораторија на патеката, а повеќе од јасно е дека немам многу време за да ја спроведеме затоа што имаме нова трка за една недела и ни треба брза анализа и аклчок. цел е да имаме нешто конкретно до вторник најдоцна, тоа е планот.

ако е потребно, гумите ќе ги пратиме во централата во милано во тамошните лаборатории на дополнителни тестови и испитувања со повеќе можноти. но, убеден сум дека имаме добра индикациај и ќе донесеме заклчок од нашата лабораторијата на патеката.

За втората трка на истата патека, Пирели носи скалило помеки гуми, а Исола демантираше дека изборот треба да се промени.

има многу прашалници во моментов и се зависи од причината која го предизвика оштетувањето на гумите, а реакцијата ќе ја превземеме кога тоа ќе го дознаеме.

реакцијата може да биде поинаква, ако зборуваме за деградација, не е важно какви компоненти ќе користиме, промените мора да се порано, но секој болид различно влијае на гумите.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ