Пирели ќе развива целосно нови гуми за 2024

Марио Исола, шефот на Пирели моторспорт, откри дека производителот ќе мора да ги развие своите гуми за сезоната во 2024 година од “нула“,

Тој вели дека тоа е затоа што спортот постепено ја укинува употребата на покривки за загревање гуми, кои ќе бидат целосно забранети од 2024 година.

Не е доволно едноставно да се развијат различни соединенија кои подобро се загреваат – изјави Исола.

Проблемот е што болидите сега се многу побрзи и пренасочуваат многу енергија во гумите. Нема да можете да му кажете на возачот само да забави неколку кругови за да го продолжи животниот век на гумите. Овие момци се тркаат и мора веднаш да бидат во можност да притиснат.

Затоа мораме да ги развиваме гумите буквално од самиот почеток.

Формула 1 почна да се одвикнува од покривките за гумите минатата година со ограничувања на температурата која пак ќе се намали уште повеќе за следната година. Но, Исола вели дека на Пирели му треба доволно време за тестирање на патека за најпрецизен развој на гумите. Затоа, се верува дека дополнително време ќе биде распределено за тестирање на гумите во Сузука и Остин.

Ни требаат овие тестови – рече Исола.

Секако дека можеме да направиме неколку симулации за да видиме како една конструкција се однесува под одредени притисоци и како изгледа распределбата на температурата.

Но, конечната пресуда е донесена на патеката и за ова ни требаат сегашни болиди со нови гуми, без покривки за загревање.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ